Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-249/16

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 197.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 22, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-249/16

„(...) во конкретниoт случај се работи за откажување на договорот за вработување од деловни причини поради укинување на работно место, што значи дека на сите вработени на предметното работно место им престанува работниот однос, а не е поради намалување на број на извршители за да тужениот има законска обврска да примени критериуми врз основа на кои ќе изврши бодирање и врз основа на кои ќе се направи избор на кои работници ќе им престане работниот однос поради деловни причини.

Имено, тоа што со програма за утврдување на потреба за престанок на работен однос со откажување на договорот за вработување од деловни причини на работниците за чија работа престанува потребата во (...) е наведено дека е престаната потребата од 19 работници, а со одлуката за престанување на потребата од работа на работници (...) од 14.2.2014 година се наведени 18 работници вработени на работно место – соработник, со опис на работно место бр. 15, меѓу кои и на тужителот, првостепениот суд од истата утврдил дека во истата е наведено дека е објавен интерен оглас за позиција оператор во група 2 служба за корисници во Кец Гостивар и еден работник од редот на работниците на работно место 15 конкурирал на огласот и по извршен избор работел на работно место за кое бил објавен интерниот оглас, што значи дека се работи за укинување на работното место со опис бр. 15.

Оттука, се јавува како неоснован жалбениот навод на тужителот во кој наведува дека првостепениот суд не утврдил дали при изборот на кои работници ќе им престане работниот однос на работно место број 15 се применети критериуми, односно дали било извршено бодирање.

Во однос на жалбениот навод на тужителот во кој наведува дека тужениот не доставил докази како и на кој начин е спроведена постапката за интерен оглас, овој суд најде дека истиот не е од суштествено влијание во конкретниот спор, бидејќи предмет на спор е одлука за откажување на договорот за вработување од деловни причини, согласно со законските одредби од ЗРО, судот утврдува само дали работодавачот – тужениот при донесување на оваа одлука постапил согласно со ЗРО и дали оваа одлука е донесена врз основа на претходно законски спроведена постапка, кое нешто по наоѓање на овој суд, првостепениот суд го има утврдено во првостепената постапка.

Имено, според состојбата на списите во предметот, со одлука (...) од 26.9.2013 година Управниот одбор на тужениот го укинал работното место – соработник во групите „Нови приклучоци”, „Служба за корисници” или „Одржување” во КЕЦ со опис на работно место 15 во Одделот КЕЦ оператива, со дадени причини за потребата од укинување на ова работно место, како унапредување на работните процеси, модернизирање и осовременување на методите на работа, поради што се јавува вишок на вработени, кои вршат административни, помошни и услужни работи, односно вработените во опис на работно место бр. 15. Со одлука (...) од 26.9.2013 година Управниот одбор на тужениот го донел Правилникот за внатрешна организација со вклучени промени согласно со укинатото работно место – соработник. Врз основа на донесената одлука за укинување на работното место – соработник, тужениот на ден 8.1.2014 година донел Програма за утврдување на потребата за престанок на работен однос со откажување на договорот за вработување од деловни причини на работниците за чија работа престанува потребата во (...), која ги содржи сите потребни елементи согласно со ЗРО и Колективниот договор.

Со цел информирање на претставниците на работниците и започнување на постапката на консултации со истите, тужениот ја доставил Програмата до Синдикалната организација која на 10.1.2014 година до тужениот доставила мислење (...) со кое го упатила тужениот да постапи согласно со ЗРО и Колективниот договор на друштвото. Други забелешки во мислењето не се дадени од каде произлегува заклучокот дека Синдикалната организација ја прифатила програмата. На ден 14.2.2014 година, што значи по повеќе од еден месец по добивање на мислењето од Синдикалната организација, тужениот донел одлука (...) за престанување на потребата од работа на работници кај тужениот која се однесува на 18 работници вработени на работно место – соработник, со опис на работно место бр. 15, меѓу кои и на тужителот. На 24.2.2014 година тужениот донел одлука (...) со која на тужителот му се откажува договорот за вработување од деловни причини.

Исто така, тужениот на ден 14.2.2014 година поднел известување до Агенцијата за вработување на РМ за потребата од престанување на работниот однос со 18 работници вработени кај тужениот на работно место – соработник. Во известувањето е содржана информација за вкупниот број на вработени кај тужениот со состојба од 1.2.2014 година. Воедно, даден е преглед на сите вработени за кои престанува потребата од работа, меѓу кои и тужителот, со име и презиме, единстен матичен број на работникот, занимање, работно место на кое работел, работен стаж кај работодавачот и вкупен работен стаж.

На ден 24.2.2014 година тужениот донел одлука (...) со која на тужителот му се откажува договорот за вработување од деловни причини. Одлуката содржи одредби за отказен рок и исплата на испратнина предвидени на ист начин како во програмата и колективната одлука за престанување на потребата од работа на работници кај тужениот. Одлуката содржи и одредба за правата од осигурување во случај на невработеност.

На вака утврденото, правилно првостепениот суд го применил материјалното право кога согласно со одредбите од чл. 71, ст. 2, чл. 76, ст. 1, т. 3, чл. 94-а, ст. 1 и чл. 95 од ЗРО одлучил да го одбие како неосновано тужбеното барање на тужителот на начин како во изреката на обжалената пресуда.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.31/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право