- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 146.81 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 18, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1328/14
„(...) во конкретниот случај, не е од влијание фактот дали тужениот е потписник или не е потписник на КД за здравствената дејност на РМ, бидејќи одлуката за откажување на работниот однос на тужителката е донесена спротивно на одредбите од ЗРО. Имено, одлуката за престанок на работниот однос со откажување на договорот за вработување од деловни причини, број 0402-214 од 24.2.2014 година, била донесена согласно со одредбите од членовите 94-а, 95, 96 и 97 од ЗРО, кои се однесуваат на колективни отпуштања од деловни причини, односно доколку работодавачот имал намера да донесе одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини, односно на најмалку 20 работници за период од 90 дена без оглед на вкупниот број работници кај работодавачот што се смета за колективно отпуштање од деловни причини, а кое нешто во конкретниот случај не е остварено, бидејќи кај тужениот е донесен Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места за намалување на бројот на фармацевтските техничари од 260 на 258 извршители.
Првостепениот суд (...) правилно утврдил дека тужениот по донесувањето на одлуката и програмата за технолошки вишок за намалување на бројот на извршители – фармацевтски техничари од 260 на 258 во исто време објавил оглас за вработување поради што дошло до повреда на одредбите од членовите 94-а, 95, 96 и 97 од ЗРО.
Од записникот за одржаната главна расправа (...) каде тужениот навел дека во аптеката (...) каде што работеле тужителката, нејзината мајка и сестра биле нарушени човечките односи и работата трпела, бидејќи тужителката не можела да работи и да биде редовен студент, дека оснивачот на тужениот кој бил во тесна роднинска врска со тужителката бил вознемируван, истите правеле загуби, си ги уредувале смените како им одговарало, па работодавачот одлучил да се ослободи од кадар кој бил оптоварен со непотизам, нелојалност кон фирмата и крајно нарушени меѓусебни човечки односи, видно е дека тужениот покрај објективни причини за отказ на работниот однос, имал и субјективни причини и поради лични околности ја ставил тужителката во понеповолна положба во однос на други лица вработени кај тужениот.
Оттука, произлегува дека одлуката број 0402-214 од 24.2.2014 година за престанок на работен однос со откажување на договорот за вработување од деловни причини донесена од управителот на тужениот и одлуката број 0402-279 од 5.3.2014 година се незаконити.”