- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 203.07 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 28, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1435/17
„(...) согласно со законските одредби од ЗРО, судот има надлежност да утврди само дали тужениот ја спровел постапката согласно со закон, а право на работодавачот е да одлучува дали има или нема потреба од намалување на бројот на вработените и согласно со утврдените критериуми да врши бодирање на секој од вработените, кое нешто тужениот видно од списите во предметот и го сторил, бодирајќи го тужителот и по тие критериуми.
При одлучувањето судот ја имал предвид одредбата од чл. 96, ст. 1 од ЗРО, каде што е предвидено дека работодавачот пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони, структурални и слични промени) поради кои престанува потребата од вршење на определена работа, може на работникот да му понуди вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка, односно квалификација, стручно оспособување (обука, преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач) или нов договор за вработување. Ова значи дека работодавачот, во случајот тужениот, можел да го вработи тужителот на друго работно место или да го доквалификува, односно преквалификува за друга работа само доколку постои можност за тоа, меѓутоа сето ова не значи и негова обврска, туку напротив може да изрече и престанок на работен однос со давање на испратнина како што е во конкретниот случај.”