Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-901/18

  • Version
  • Преземи 8
  • Големина на фајлот 597.37 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 26, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-901/18

„(...) кога со материјален закон не е определена возраста за престанок на работен однос поради исполнување на условите за стекнување старосна пензија согласно со закон, тогаш се применува Законот за работните односи како генерален закон, односно во конкретната правна работа, одредбата од чл. 104 од ЗРО, која го регулира предметното правно прашање.

(...) во конкретниот случај, не може да се примени чл. 18 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, бидејќи со овој закон не се определуваат правата на вработените во врска со прекинот на вработувањето поради стекнување услови за старосна пензија, како и можноста за продолжување на работниот однос по стекнување на условите за старосна пензија, бидејќи тоа право се уредува исклучиво со Законот за работните односи или друг закон.

Имено, Законот за ПИО го уредува исклучиво осигурувањето и опфатот на осигурениците, како и правата кои се остваруваат со ова осигурување, но не може со овој закон да се уредат правата на вработените, утврдени со Уставот на РМ, бидејќи како генерален закон во работното законодавство е Законот за работните односи, а правото за продолжување на вработување по стекнување услови за старосна пензија е предвидено во чл. 104 од истиот закон.

(...) Законот за работните односи (...) е генерален закон со кој се утврдуваат правата и обврските на работникот и работодавачот, како и условите за престанок на работен однос поради стекнување на услови за старосна пензија и можноста за продолжување. Имено, со Законот за ПИО се определува само правото на старосна пензија и условите за стекнување на истата, односно кога осигуреникот се стекнува со старосна пензија, додека можноста за продолжување на работниот однос по стекнување на условите за старосна пензија е определена во чл. 104 од ЗРО, дотолку повеќе што Законот за работните односи како општ генерален закон се применува за секое прашање коешто не е опфатено и коешто не е уредено со Законот за јавно обвинителство или на чија примена упатува самиот Закон за јавно обвинителство.”

Претходно Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-227/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право