Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-574/14

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 560.36 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 18, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-574/14

„Имено, во конкретниот случај се работи за надомест на штета во смисла на одредбата од чл. 159 од ЗРО. На тужителката во спорниот период во учебната 2011/2012 година по вина на тужениот ѝ било оневозможено да работи неделен фонд на наставни часови во рамките на законски определениот минимум од 20 наставни часа, и со правосилна пресуда е задолжен тужениот да ѝ обезбеди на тужителката неделен фонд на наставни часови од 20 наставни часа, со оглед дека истиот со незаконито постапување, на тужителката ѝ биле доделени 4 наставни часа по македонски јазик и оневозможена да работи полн фонд на часови и да остварува плата за истите и на околностите што настапиле по причинувањето на штетата и оштетениот да се доведе во онаа состојба во која би се наоѓал да немало штетно дејствие или пропуштање, односно во онаква положба во каква би била во тој период ако на истата не ѝ биле незаконито доделни само 4 наставни часа, па правилно првостепениот суд согласно со чл. 159 од ЗРО, утврдил дека со незаконито постапување на начин што не ѝ биле доделени неделен фонд на часови на тужителката ѝ била причинета штета, па го задолжил тужениот врз основа на изготвениот вешт наод и мислење да ѝ исплати на тужителката на име надомест на штета во вид на разлика помеѓу исплатените плати и пресметаните плати за полн фонд на часови, во период од септември 2011 година до ноември 2012 година во вкупен износ од 231.207,00 денари на име главен долг, како и да уплати во Фондот за ПИО на име на тужителката за истиот период во вкупен износ од 62.198,00 денари, бидејќи согласно со законските одредби од ЗРО, работникот – тужителката има право на надомест на штета во вид на помалку исплатени плати за период кога на истата со незаконито постапување ѝ биле доделени 4 наставни часа наместо законски определениот минимум на неделен фонд на наставни часови од 20 наставни часа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1328/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право