- Version
- Преземи 10
- Големина на фајлот 452.90 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање август 30, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-32/17
„(...) основано е побарувањето на тужителот на име надомест на штета во висина на платата која би ја остварувал за спорниот период, а со тоа и обврската да ги уплати придонесите не само за ПИО, туку и придонесот за бенифициран стаж. Ова од причина што, бенифицираниот стаж, односно стажот на осигурување што се смета со зголемено траење, според прописите за пензиско и инвалидско осигурување спаѓа во редот на посебните мерки на заштита на работниците при работа. Под бенифициран стаж се подразбира остварување право на пензија со помалку години на живот и работа отколку што е тоа пропишано и таа пензија која ќе одговара на полна пензија, како и подразбира пропорционално намалување на работниот стаж за остварување на правото на пензија, и дека за бенифициран стаж се плаќа додатен придонес со зголемена стапка, па работодавачот е тој којшто треба да го плаќа таквиот зголемен придонес, за да може да дојде до остварување на таквото право.
(...) Во конкретниот случај видно од извршеното вештачење, вештото лице има изработено табеларен приказ по месеци на износите на неисплатените плати и придонеси од плати на тужителот и притоа се минусирани, одземени износите кои му следувале на тужителот по основ на договор за вработување кај друг работодавач, односно не се пресметани износите на приход, по основ на плата и придонеси, кој тужителот го остварил врз основа на работа во вкупниот износ на име надомест на штета од незаконитиот престанок на работен однос.”