- Version
- Преземи 17
- Големина на фајлот 495.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 8, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-478/18
„Така, согласно со чл. 102 од ЗРО при незаконит отказ на работниот однос, покрај враќањето на работа, работодавачот е должен на работникот да му ја исплати бруто-платата која би ја земал кога би бил на работа, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, па во оваа насока, согласно со чл. 5 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, во задолжително социјално осигурување спаѓаат придонесите за пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата; задолжително капитално финансирано пензиско осигурување; стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење; здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност, од што произлегува дека правилно во конкретниот случај на име надомест на штета поради незаконит отказ е задолжен тужениот да му исплати на тужителот бруто-плата, односно исплата на плати, како и во име и сметка на тужителот да уплати разлика од пресметани придонеси во надлежните фондови.
Според тоа, тужениот за периодот на незаконитиот престанок на работниот однос сметано од 11.4.2011 година до 3.3.2016 година на тужителот на име нето-плати треба да му плати износ од 904.971,00 денари, а додека за пресметаниот износ на неисплатена нето-плата, тужениот за истиот период сметано од 11.4.2011 година до 3.3.2016 година е должен да уплати во име и за сметка на тужителот на име разлика за неуплатени придонеси и даноци од работен однос согласно со концептот на бруто-плата вкупен износ од 406.011,0 денари, од кој на име персонален данок на доход износ од 52.046,00 денари, на име придонес за ПИО износ од 235.977,00 денари, на име придонес за здравствено осигурување износ од 95.702,00 денари, на име придонес за вработување износ од 15.732,00 денари и на име дополнително здравствено осигурување износ од 6.555,00 денари.”