- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 455.72 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање август 30, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-710/16
„Во конкретниот случај се работи за надомест на штета од незаконит престанок. На тужителот му престанал работниот однос по вина на тужениот и со правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 2 Скопје РО.бр.596/13 од 19.11.2013 година поништенo е како незаконито решението за престанок на работниот однос (...) од 30.10.2007 година. Со оглед дека истиот со незаконит акт на тужениот бил отстранет од работното место и оневозможен да работи и да остварува плата и на околностите што настапиле по причинувањето на штетата и оштетениот да се доведе во онаа состојба во која би се наоѓал да немало штетно дејствие или пропуштање, односно работникот треба да биде доведен во приближно иста положба како останатите работници кај истиот работодавец, односно во онаква положба во каква би бил во тој период ако не бил незаконито отстранет од работното место, правилно првостепениот утврдил дека со незаконитиот престанок на работниот однос на тужителот му била причинета штета, па го задолжил тужениот да му исплати на тужителот на име надомест на штета по основ на плати, придонеси и персонален данок за периодот од 24.1.2008 година до 14.6.2012 година (...).
Во однос на жалбените наводи на тужениот во кои наведува дека на тужителот не му следува исплата на плати зголемена за трошоци за живот, овој суд ги оцени за неосновани. Ова од причина што, тужителот има право на зголемување на утврдениот износ на надомест на штета со процентот на порастот на трошоците за живот за целиот период за кој се бара надоместокот, за да не дојде до состојба досудените износи на изгубена заработувачка да не претставуваат надомест за стварно претрпена штета и да бидат обезвреднети под влијание на економските и пазарни промени. Ова од причина што, платата на работникот главно се троши за задоволување на животните потреби на работникот и семејството, а статистиката за пораст на животните трошоци ја следи Државниот завод за статистика, па е олеснета можноста за утврдување на овој надомест, како и фактот дека постои зависност помеѓу движењето на платите и порастот на трошоците за живот, па со ваквиот начин на пресметување на надоместот, тужителот ќе биде доведен во приближно иста положба во која би бил во тој период, дотолку не бил незаконито отстранет од работното место.”