- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 626.68 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 20, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-567/14
„(...) правилно првостепениот суд констатирал дека за утврдување на фактот дека постои кражба потребно е да постои доказ во таа смисла, односно доказ дека постои пријава за кражба до надлежен орган, дека од страна на надлежен орган бил составен записник за извршен увид на лице место и дека случајот бил понатаму процесиран поради постоење на основано сомнение на кражба, што во оваа правна работа не е случај. Според тоа, правилно судот не го прифатил мислењето на вештите лица од причина што тоа е пред сè правно прашање и претходно подразбира исполнување на правни претпоставки – доказ дека навистина постои кражба кое нешто укажува на фактот дека наводите на тужениот во врска со провалната кражба во магацинот (...) се неосновани и непоткрепени со докази.”