- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 545.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 20, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1406/14
„(...) согласно со описот и пописот на работни задачи, второтужениот имал обврска да врши продажба, доставува стока, обезбедува документирано предавање на стока, се грижи за правилно сместување и чување на стока, има обврска да прима и издава уредна материјална финансиска документација за работењето на продавницата, што значи дека е одговорен за целокупната стока во продавницата. Настанатиот кусок во конкретната продавница е резултат на незаконитото и несовесно работење на двајцата тужени, поради ова правилен е заклучокот на првостепениот суд дека истиот е должен солидарно со првотужената да го надомести утврдениот кусок. Ова дотолку повеќе што видно и од извршеното вештачење не може да се утврди поединечна одговорност за настанатиот кусок на двајцата вработени во продавницата.
Имено, согласно со чл. 156, ст. 3 од ЗРО, ако за секој работник не е можно да се утврди колкав дел од штетата предизвикал, сите работници се еднакво одговорни и ја надоместуваат штетата во еднакви делови, а согласно со став 4 од истиот член, ако повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво дејствие, за штетата се солидарно одговорни. Согласно со наведеното, во услови кога не било можно да се утврди колкав дел од штетата предизвикал второтужениот, а колкав првотужената, правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужените се должни солидарно да ја надоместат настанатата штета. Тоа што додека второтужениот работел самостојно во продавницата никогаш не се појавил кусок, туку тоа се случило по вработувањето на првотужената во продавницата не е од релевантно влијание за поинакво одлучување во конкретниот случај од аспект на законитоста на одлуката и правилната примена на материјалното право бидејќи од изведените докази во текот на постапката произлегува дека настанатиот кусок е резултат на незаконитото и несовесно работење и на првотужената и на второтужениот.”