Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1011/14

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 494.01 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 8, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1011/14

„Според чл. 97 од ЗРО, во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина, испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.

Согласно со горецитираната законска одредба, правото на испратнина е статусно право што е определено во одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини.

Со пресуда на Основниот суд Скопје 2 Скопје Ро.бр.1214/10 од 6.10.2011 година, потврдена со пресуда на Апелациониот суд Скопје РОЖ.бр.202/12 од 9.5.2012 година било одбиено како неосновано тужбеното барање на тужителката за поништување на решението за престанок на работен однос бр.02-4498/8 од 16.6.2010 година, донесено од тужениот со кое на тужителката ѝ престанал работниот однос поради деловни причини, како и решението за исправка на решението за престанок на работниот однос бр.02-4498/15 од 21.6.2010 година, донесено од заменик-министерот за одбрана.

Имајќи ја предвид цитираната законска одредба, произлегува дека надоместокот на испратнината е право кое е врзано со одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини, па како тужбеното барање по однос на статусното право е одбиено како неосновано, тоа значи дека евентуалната испратнина не претставува парично побарување, туку е дел од статусната одлука за откажување на договорот за вработување од деловни причини. Од тие причини тужителката нема право да бара испратнина како парично побарување, за кое веќе со судска одлука е одбиено како неосновано тужбеното барање за поништување на решението за престанок на работен однос од деловни причини како статусно право, а во решението за престанок на работен однос на тужителката од деловни причини не е утврдено правото на испратнина. Тужителката би имала право на испратнина поради престанок на работниот однос од деловни причини доколку во решението за престанок на работниот однос од деловни причини е утврдено правото на испратнина, што не е случај во конкретниот предмет.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1439/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право