- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 499.20 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 26, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-588/16
„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителот кои се однесуваат на одбивателниот дел за јубилејна награда, но истите ги оцени за неосновани. Ова од причина што согласно со одредбата од чл. 115 од ЗРО, паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврските. Тужителот засновал работен однос кај тужениот на ден 1.1.1976 година и кај истиот работел непрекинато сè до неговото заминување во пензија кога работниот однос му престанал на ден 15.8.2015 година по сила на закон. Тужителот на ден 2.1.2006 година се стекнал со право да бара исплата на јубилејна награда од тужениот. Видно од приемниот печат на тужбата, истата е поднесена на ден 30.12.2015 година, што значи дека од денот на настанување на обврската за исплата на побарувањето, а тоа е ден 2.1.2006 година до денот кога тужителот побарал исполнување на обврската за исплата на ова парично побарување од работен однос, поминат е законскиот рок од 3 години и настапила застареност на предметното парично побарување.”