Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1337/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 502.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 11, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1337/14

„Неосновани се и жалбените наводи на тужителката дека првостепениот суд погрешно го одбил тужбеното барање за надомест на трошоци за превоз кога е неспорно дека тужителката секој ден патувала со јавен превоз од местото на живеење до местото на работа кое е 47 км оддалечено од нејзиното живеалиште, а работодавачот немал организирано јавен превоз.

Ова од причина што сметано од 1.1.2009 година поради воведување на концептот на пресметка и исплата на бруто-плата на вработените, во позитивната регулатива се направени соодветни измени на законите согласно со кои, на нето-платата, меѓу другото, е додаден износот на надоместокот за превоз од и до работа. Правото на превоз беше предвидено во чл. 113 од ЗРО од 2005 година, меѓутоа со Законот за измени и дополнувања на ЗРО, објавен во „Сл. весник на РМ”, бр. 161/2008 година, престана да постои оваа категорија на надомест. Без оглед на тоа што во КД на ниво на работодавач се предвидени одредби за исплата на надоместок за превоз, со оглед на тоа што не постои повеќе закон со кој е регулирано ова право, колективниот договор во тој случај е во спротивност со законот и во однос на тоа право се применува Законот како повисок правен акт. Во случајот нема закон, спрема тоа, не постои правен основ за исплата на надоместокот за превоз на тужителката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1337/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право