Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1377/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 606.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 5, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1377/14

„(...) согласно со законските одредби од ЗРО, работникот има право на плата согласно со закон, колективен договор и договор за вработување, што значи дека не може да се определат плати и други надоместоци од плата согласно со Правилник за плати и други надоместоци изготвен од страна на работодавачот, а дотолку повеќе што Правилникот за внатрешна организација, систематизација на работни места и исплати на плати при ЈП (...) од 1999 година на кој се повикува тужителот не е усогласен со КД кај тужениот. Видно од договорот за вработување од 2009 година склучен помеѓу тужениот и тужителот, покрај правата и обврските на двете договорни страни, утврдена е плата на тужителот, како и бодовите врз основа на кои истата ќе се пресметува, па во услови кога во договорот за вработување е утврдена платата на работникот – тужителот и истата работодавачот – тужениот за спорниот период ја исплаќал во целост на тужителот согласно со договорот за вработување, тужителот нема право да бара разлика на плата бидејќи во конкретниот случај не се јавува разлика при исплаќање на истата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1377/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право