Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-626/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 556.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 10, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-626/15

Тужениот работодавач донел две одлуки за намалување на основната плата на тужителката (работничката). Во ниту една од нив не е наведено колку ќе изнесува намалувањето на платата на работничката, ниту пак по нивното донесување не е склучен нов променет договор или нов анекс на договорот за вработување, со кој ќе се промени чл. 8, ст. 2 од постоечкиот договор, каде е определена висината на платата. Работодавачот при исплатата на плата не ѝ доставувал исплатна листа на работничката и истиот не вршел пресметка за пресметан и исплатен додаток за минат труд (...).

Работодавачот (...) неосновано ѝ ја намалил платата, поради што работничката има право на исплата на разлика во плата, како и додаток за минат труд (...).

(...) и покрај тоа што тужениот не е потписник на КД за социјална заштита, истиот како здружение на граѓани е запишан во регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита при МТСП и како работодавач претставува приватна установа за социјална заштита, односно друг правен субјект кој врши дејност од областа на социјалната заштита и вработува работници врз основа на договор за вработување со што всушност е работодавач по чл. 2 од КД за социјална заштита, а согласно со чл. 4, ст. 1 од овој КД е предвидено дека истиот се применува непосредно и е задолжителен за сите работодавачи од чл. 2, во чие име е склучен.

Жалбените наводи на жалителот дека првостепениот суд при одлучувањето не го земал предвид решителниот факт дека тужителката уште пред започнување со работата била запознаена со планот за работа на тужениот, со средствата со кои располагал, како и со висината на платата која ќе ја зема доколку биде вработена, се неосновани, поради тоа што првостепениот суд ваквите наводи на тужениот правилно ги оценил како паушално дадени, поклонувајќи верба на потпишаниот писмен договор за вработување, каде во чл. 8 е утврдено што опфаќа платата на работничката, како и висината на платата која работодавачот е должен да ѝ ја исплати.

Претходно Пресуда на Европскиот суд за човекови права – Синдикат во Фабриката „4-ти Ноември“ Битола против Република Македонија
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право