- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 311.50 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 3, 2010
- Последна промена јули 30, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1468/09
„Тужениот се жали дека тужителот нема право на овој надомест бидејќи согласно со меѓусебната спогодба за раскинување на договорот за вработување, тужителот изјавил дека со потпишувањето на оваа спогодба се откажува од сите материјални и нематеријални побарувања спрема работодавачот кои произлегуваат од работниот однос. Меѓутоа, Апелациониот суд Скопје смета дека ваквиот навод не може да се прифати бидејќи се работи за неотуѓиво и неоткажливо право од работен однос во смисла на чл. 12 од ЗРО од 2005 година. Бидејќи се работи за неоткажливо право и за неискористен ден од годишниот одмор, склучената спогодба за ова право е ништовна, не произведува правно дејство и спрема тоа, тужениот е должен на тужителот да му го исплати износот од 172,00 денари со камата од поднесувањето на тужбата до исплатата (...).”