- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 631.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 19, 2016
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-278/15
„(...) неспорно е дека тужителот има поднесено писмено предупредување за исполнување на обврските до тужениот во кое има наведено дека истиот не ги исполнува законските обврски на начин што во законските и договорениот рок не му се исплатени 5 плати и дека платата му е намалена на начин што наместо договорената нето-плата од 27.483,00 денари, му е исплатена нето-плата во износ од 13.742,00 денари и дека доколку не биде постапено по предупредувањето, истиот ќе даде отказ на договорот за вработување согласно со чл. 100, ст. 1, т. 3 и 4 од ЗРО. Меѓутоа, видно од одлуката за откажување на договорот за вработување, истата е донесена врз основа на чл. 62, ст. 1, т. 5, чл. 63 и чл. 71, ст. 1 од Законот за работните односи, а не врз основа на чл. 100, ст. 1, т. 3 и 4 како што побарува тужителот, истата уредно е примена од страна на тужителот, но против истата не е поведена постапка во смисла на одредбата од чл. 181 од ЗРО.
Согласно со горенаведеното, се јавуваат како неосновани и жалбените наводи на тужителот кои се однесуваат на одбивателниот дел на тужбеното барање на име изгубена заработувачка за време на отказниот рок од 30 дена на износ од 26.997,00 денари.”