Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-510/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 558.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 14, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-510/14

„(...) по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај не се исполнети законските услови од причина што од изведените докази, писмени и вербални, не произлегува дека повредата на тужителката настанала на работа или во врска со работата, односно не постои причинско-последична врска од настанот за кој тужителката побарува штета, од денот кога се извршени лабoраториски анализи и земена ѝ е крв за потребните испитувања и настанатата здравствена состојба на тужителката, односно поставената дијагноза тромбоза на десната брахијална вена, невроза (неневротски реагирање) и депресивен синдром.

Ова дотолку повеќе што, во конкретниот случај нема пасивна легитимација од страна на второтужениот Приватна здравствена установа (...) бидејќи истиот не е работодавач на тужителката, односно тужителката има засновано работен однос со првотужениот (...), па истата сите права и обврски кои произлегуваат од работен однос може да ги бара од првотужениот со кого има склучено договор за вработување.

(...) правилно првостепениот суд прифатил дека со оглед дека тужителката по извршените лабораториски анализи почувствувала болки во десната надлактица во пределот каде што ѝ била вадена крв на потребната анализа и по овој настан за кој бара штета се јавила на преглед за прв пат на ден 15.11.2010 година, не може да се утврди со сигурност дека настанатата повреда кај тужителката е производ на моментот на вадење на крв од страна на медицинска сестра вработена кај второтужениот, по даден налог од страна на првотужениот како нејзин работодавач.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-31/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право