- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 332.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 23, 2014
- Последна промена јули 30, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1192/13
„Предмет на оцена на овој суд беа жалбените наводи на тужителот кои се однесуваат во делот на каматата за тоа дека првостепениот суд требал да досуди камата од 31.5.2011 година, а не од 21.3.2013 година како ден на поднесување на тужбата, бидејќи тужениот требал да ја исплати испратнината со денот на престанокот на работниот однос, но за истите најде дека се неосновани од причина што во конкретниот случај се работи за право на испратнина, кое согласно со чл. 97 од ЗРО е статусно право што е определено во одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини. Одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини, а воедно и определувањето на испратнината задолжително треба да биде дел од претходната заштита на работникот со право на истакнување на приговор до повисокиот орган кај работодавачот согласно со чл. 181, ст. 4 од ЗРО. Исто така, работникот за остварување на своето право на испратнина предвидено со одлуката за откажување на договорот за вработување ако не му е обезбедено навремено, има право, а согласно со чл. 181, ст. 1 од ЗРО да поднесе писмено барање до работодавачот со цел работодавачот да ја исполни својата обврска. Со оглед на фактот дека се работи за парично побарување, доколку работодавачот не ја исполнил својата обврска, работникот може да го оствари тоа право со поднесување на тужба до надлежниот суд. Бидејќи, во конкретниот случај, побарувањето на своето право како парично побарување тужителот го побарал со поднесување на тужбата на 21.3.2013 година, од тие причини истиот има право на законска казнена камата од денот на поднесување на тужбата.”