- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 497.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 19, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1354/14
„(...) тужителот работел подолго од полното работно време кое нешто е утврдено врз основа на изготвениот вешт наод и мислење, изготвен врз основа на писмените документи доставени од страна на тужениот (...).
Оттука, се јавува како неоснован жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека самото вештачење не може да биде релевантен доказ да се утврди дека тужителот има остварено прекувремена работа, (...) како и тоа дека тужителот не доставил доказ дека бил ангажиран да врши работи и задачи подолго од полното работно време.
Во однос на жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека тужителот користел слободни денови, овој суд го ценеше, но го најде за неоснован од причина што вештото лице врз основа на увидот во податоците од книгата за присутност на работа на вработените, месечните распореди на работа дека на тужителот не се евидентирани искористени слободни денови (...).”