Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1674/18

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 319.07 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 21, 2019
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1674/18

„Во текот на постапката тужениот не доставил докази со кои би го поткрепил своето тврдење дека за овие остварени часови прекувремена работа не постои писмена наредба од страна на непосредниот старешина во организационата единица во која работи тужителот (...).

Од наодот и мислењето на вештото лице, првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот во 2015 и 2017 година остварил над 150 часа прекувремена работа и не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на овие години, на кој начин се исполнети и двата услова за стекнување на правото за исплата на бонус за прекувремена работа.

Во текот на постапката, тужениот не доставил доказ со кој би го поткрепил своето тврдење дека тужителот не остварил повеќе од 150 часа прекувремена работа во текот на годината и дека отсуствувал повеќе од 21 ден во текот на 2015 и 2017 година, не сметајќи ги деновите од годишен одмор кои се загаранирани со закон и од кој тужителот како работник не може да се откаже согласно со чл. 145, ст. 2 од ЗРО. Така, тужителот за 2015 година остварил 197 часа прекувремена работа и му следи износ од 22.342,00 денари и за 2017 година остварил 340 часа прекувремена работа и му следи износ од 22.928,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1674/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право