Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-455/20

  • Version
  • Преземи 13
  • Големина на фајлот 270.78 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 21, 2021
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-455/20

„Одлучувајќи за тужбеното барање на тужителот за бонус за остварена прекувремена работа преку оценка на наодот и мислењето на вештото лице, првостепениот суд утврдил дека тужителот во 2017 година имал остварено прекувремена работа повеќе од 150 часа подолго од полното работно време, 24 часа му биле заменети со слободни денови и не бил на боледување што значи не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината за што му следува бонус плата за остварена прекувремена работа на тужителот за 2017 година (...).

При вака утврдена фактичка состојба, првостепениот суд правилно го применил материјалното право и оценил дека на тужителот не му биле пресметани во целост додатоците во плата за прекувремена работа, па со оглед на тоа што тужителот во спорниот период работел подолго од полното работно време тужениот имал обврска да му исплати бонус плата за остварени часови подолго од полното работно време (над 150 часа) за прекувремена работа за 2017 година (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-455/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право