- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 386.54 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-184/14
„Неосновани се жалбените наводи на тужителите кои се однесуваат на делот на тужбеното барање за пресметан и исплатен бонус за остварена прекувремена работа повеќе од 150 часа во кои наведуваат дека целокупната евиденција за отворени и затворени боледувања се наоѓа кај тужениот, дека тој има целосен увид во отсуствата на тужителите и доколку сметал дека на некој од тужителите не му следува ова право, ќе доставел доказ дека отсуствувал од работа повеќе од 21 ден. Ова од причина што согласно со чл. 117, ст. 3 од ЗРО, за да тужителите имаат право на бонус истите потребно е да ги исполнат двата услови, и тоа да остварат над 150 часа прекувремена работа и да не отсуствуваат од работа повеќе од 21 ден во текот на годината. Видно од списите во предметот, тужителите оствариле над 150 часа прекувремена работа, но истите не доставиле докази дека го исполнуваат вториот услов, односно дека не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден во текот на секоја година во утужениот период, кое нешто биле должни да го сторат согласно со товарот на докажување, бидејќи товарот на докажување дека истите отсуствувале, односно не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден во текот на годината е на страна на тужителите, а не на работодавачот – тужениот, па оттука правилно првостепениот суд не ги прифатил пресметките на вештото лице и утврдил дека тужителите не докажале дека истите ги исполниле двата услови кумулативно и одлучил да го одбие како неосновано тужбеното барање на тужителите за бонус за прекувремена работа.”