Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-129/20

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 630.61 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 14, 2021
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-129/20

„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот работел во издвоена организациска единица на МВР каде работата се одвивала со непрекинат престој од 24 часа и работењето се организира на начин што работното време било во траење од 12 часа редовна работа и 12 часа одмор на работникот во објектот. Предвидените 12 часа одмор на тужителот во објектот не претставуваат часови на редовна работа, па според тоа правилно е наоѓањето на првостепениот суд дека на тужителот му следуваат додатоци на плата пресметани на 12 часа работа, односно во конкретниот случај, тужениот како работодавач има обврска на тужителот да му плати додаток на плата за работа подолго од полното работно време (прекувремена работа) за периодот од 1.3.2016 година до 31.10.2016 година (...). Одморот се користел во самата полициска станица и се евидентирал во дневниот распоред за работа во графата ангажираност на полициските службеници. Раководните лица во оваа ПС часовите на одмор ги евидентирале во дневниот распоред на работа како дел од редовната работа согласно со КД на тужениот и Правилникот за организациските единици во МВР и издвоени објекти и Упатството за начин на евидентирање на реализирани часови во МВР.

Првостепениот суд правилно го одбил поголемото тужбено барање за разликата од досудениот износ од побараниот износ (...) за прекувремена работа, (...) за додаток на плата за ноќна работа (...), за додаток на плата за работа во ден на неделен одмор (...), за додаток на плата за работа на празник во месец мај 2016 година, месец август 2016 година и месец октомври 2016 година (...), бидејќи на тужителот му следуваат додатоци на плата пресметани на 12 часа редовна работа и 12 часа одмор на тужителот во објектот за утужениот период од 1.3.2016 година до 31.10.2016 година, при што за целиот спорен период тужителот немал неплатена ноќна работа, празнична работа, работа во ден на неделен одмор (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-129/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право