- Version
- Преземи 16
- Големина на фајлот 630.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 14, 2021
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-129/20
„Имено, првостепениот суд правилно го одбил тужбеното барање на тужителот во делот на надоместок на патни трошоци (...), од причина што со воведувањето на бруто-плата од 2009 година па наваму, овој надоместок е инкорпориран во платата на тужителот, а тужениот како работодавач нема обврска, туку само можност доколку има услови да организира превоз за вработените до работното место и обратно, меѓутоа тоа не е обврска на работодавачот, па од тие причини на тужителот не му следува надоместок на патните трошоци од местото на живеење до местото на работа и обратно. Имено, првостепениот суд ги имал предвид одредбите од Колективниот договор на тужениот, дека тужениот како работодавач предвидел надоместок за патни трошоци кои се однесуваат на трошоци што ќе ги направи работникот во врска со вршењето на службеното патување кога е упатен да извршува службена работа на друго место, а под службено патување се подразбира патување на кое работникот се упатува по налог на министерот и од него овластен работник со задача за извршени определени работи надвор од седиштето на организациската единица во која работи, а по извршеното службено патување работникот е должен во рок од 3 дена да поднесе налог за службено патување и други сметки за направените трошоци за исплата на надоместокот. Меѓутоа, во конкретниот случај, не станува збор за службено патување, бидејќи не се исполнети условите од наведените одредби од Колективниот договор на тужениот, туку станува збор за трошоци за превоз кои согласно со концептот на бруто-плата од 2009 година се пресметани во бруто-плата на тужителот, односно тужителот доставил наод и мислење од вештото лице С. С. во кој е наведено дека трошоците за превоз се за јавување на работа и враќање од работа, а не доставил докази со кои ќе докаже дека побараните трошоци за превоз произлегуваат од службени патувања на тужителот.”