- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 315.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 23, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-134/17
„(...) на тужителот според природата на самата организација за работа, за истиот сабота и недела не претставуваат денови на неделен одмор (викенд), туку на истиот денови на неделен одмор се оние кои му следуваат согласно со распоредот на работното време, кое нешто е во согласност со одредбата од чл. 134, ст. 1 од ЗРО, во која е наведено дека работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор од чл. 133 на овој закон, додека во ст. 2 од истиот член, ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата.
Првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката, и тоа видно од табеларниот приказ во основниот наод и мислењето на вештото лице М. Н. и дополнението на истото кое во целост било прифатено од страна на тужителот, поткрепено со распоред за работа, утврдил дека на тужителот во предметниот период покрај тоа што му било овозможено користење неделен одмор секоја седмица зависно од распоредот на работа, истиот има искористено повеќе слободни денови. Оттука, правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека тужителот нема право на додаток на плата за работа во ден недела.”