Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1684/19

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 366.68 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 9, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1684/19

„Имено, врз основа на увидот во податоците за вработените кај тужениот, односно од извршениот увид во евиденцијата на присутност на работа и посебно увидот во месечните распореди на работа, месечните извештаи за остварени часови на работа кај тужениот, вештото лице утврдило дека тужителот во спорниот период своите работни задачи на работното место ги обавувал согласно со месечните распореди за работа во три смени дневно, дека тужениот не му дал на користење слободни денови. Вештото лице утврдило дека покрај вршените исплати на остварените часови на тужителот, останале неисплатени и додатоците на плата (...), па по оценка на овој суд во смисла на член 117 од ЗРО и член 17 од ОКД за јавен сектор на РМ има обврска тужениот како работодавач да му ги исплати на тужителот додатокот на плата за прекувремена работа, за работа во смени и работа во ден на неделен одмор.

(...) тужителот работните задачи ги извршувал во турнус систем на смени, па врз основа на таквиот распоред за работа и турнус систем на смени, тужителот работел и во ден на неделен одмор, а тужениот со своите акти не определил користење на друг ден на неделен одмор, па како тужителот во спорниот период ги извршувал работните задачи во турнус систем на смени и во ден на неделен одмор, а тужениот не ги пресметал и исплатил наведените додатоци, правилно првостепениот суд согласно со одредбите од чл. 106 од ЗРО и согласно со чл. 17 од ОКД за јавен сектор на РМ го усвоил тужбеното барање на тужителот на начин како во изреката на пресудата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-499/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право