Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1040/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 446.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 17, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1040/17

„(...) тужителот бил задолжен да води градежен дневник, градежна книга, карнетки и да ги евидентира одработените часови на работниците како што и истиот постапил во спорниот период и истата била уредно доставена на тужениот заедно со карнетките за евиденција.

Оттука, во услови кога тужителот уредно водел градежeн дневник, градежна книга и карнетки и ги евидентирал одработените часови на работниците и своите работни часови согласно со своето задолжение, а како од списите во предметот тужениот иако изјавил дека дополнително ќе достави градежна книга согласно со која ќе се утврди дека тужителот неуредно ја водел евиденцијата за работното време, истиот тоа не го сторил, ниту доставил вештачење и други докази со кое би ги потврдил своите наводи во смисла на друга или различна евиденција, правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот да му исплати на тужителот (...) додаток за прекувремена работа за период од август 2015 година до декември 2015 година, (...) надомест за одвоен живот за период од септември 2015 година до 9.12.2015 година (...) и надомест за дневници за службено патување (...).

(...) согласно со одредбата од чл. 117, ст. 5 од ЗРО, обврска да води посебна евиденција за прекувремена работа има тужениот, а истиот во текот на работењето на тужителот во објектите во странство за спорниот период не извршил контрола на објектите на кои се изведувале градежните работи во време додека тужителот бил на работа и ја водел евиденцијата за работното време на работниците, како и својата.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.177/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право