Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1146/14

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 561.63 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 3, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1146/14

„Имено, тужителот со тужбата бара надомест на штета поради неискористен годишен одмор за 2010 година. За да може да се бара надомест на штета потребно е да има вина од страна на работодавачот. За да има вина од негова страна потребно е тужителот да поднел писмено барање до тужениот – работодавачот за користење на годишен одмор, а тој да не му го овозможи ова право. Во конкретниот случај, видно од списите во предметот тужителот не доставил доказ дека поднел писмено барање до тужениот – работодавачот да му биде овозможено користење на годишниот одмор за 2010 година, ниту дека од страна на тужениот има решение со кое не му овозможил користење на годишен одмор. Па оттука, во услови кога тужителот не докажал дека поднел писмено барање за користење на годишен одмор до тужениот, односно дека постапил согласно со одредбата од чл. 181 од ЗРО согласно со која, ако работникот смета дека работодавачот не му ги обезбедува правата од работниот однос или крши кое било од неговите права од работниот однос има право да поднесе писмено барање до работодавачот кршењето да го отстрани, односно да ја исполни својата обврска, правилно првстепениот суд постапил кога утврдил дека на тужителот не му следува надомест за неискористен годишен одмор, односно дека тужениот нема обврска да му плати на тужителот надомест за неискористен годишен одмор за 2010 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-828/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право