- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 114.81 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 6, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-74/14
„(...) во услови, а кое нешто се утврдува од евиденцијата на тужениот, картотеките на тужениот, како и од увидот во поединечните месечни пресметки, тужителот остварил 220 прекувремени часа, меѓутоа тужениот не извршил зголемување од 35% иако постои законска обврска да го исплати овој надомест на тужителот, во спорниот период во 2011 година изработел 22 празнични часа и во 2012 година изработил 51 празничен час, но не му го исплатил посебниот надоместок на плата за време на празник. Тужениот во пресметката за плата по месеци пресметувал и зголемување како за неработен ден плус за 1,5 пати, но ваквиот износ не го исплатил на тужителот, кое право произлегува од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството. Во однос на тужбеното барање на тужителот за надомест на плата за ноќна работа, во спорниот период изработил во 2011 година 33 работни часа во услови на ноќна работа, а во 2012 година изработил 416 работни часа, а тужениот не му исплатил зголемување од 35% иако има законска обврска и обврска по колективниот договор на тужениот (...).”