- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 297.19 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 15, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-249/14
„(...) утврдувањето на плати и други надоместоци при заснован работен однос помеѓу работник и работодавач се определува согласно со закон, КД и договор за вработување, согласно со чл. 105 од ЗРО. Според одредбата од чл. 28 од ЗРО, договорот за вработување, меѓу другото, треба да содржи и одредба за висината на основната плата која му припаѓа на работникот за вршење на работа според закон, колективен договор и договор за вработување. Со оглед на фактот дека во договорот за вработување не е утврдена плата во номинален износ, по наоѓање на овој суд, со сигурност не може да се утврди колку всушност е платата на работникот за да може да ги определи евентуалните неисплатени плати. Оттука, а имајќи ја предвид одредбата од чл. 105 од ЗРО со која се определува дека работникот има право на заработувачка – плата исклучиво со закон, КД и договор за вработување, овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот, а ова доколку повеќе што видно од списите во предметот, тужениот доставил пресметки за исплата на плата, односно декларации за прием до УЈП, на тужителот му е ставена забрана на една третина од платата со налог за извршување И.бр.105/2009 и наложено му е на тужениот овој износ да му го исплатува на доверителот Поштенска банка Скопје на начин определен во налогот, и од страна на УЈП донесено е решение за присилна наплата од парични средства на една третина од платата на тужителот, тужениот ја пресметувал и ја исплатувал платата на тужителот на ист начин како и на другите вработени.”