Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-447/20

  • Version
  • Преземи 20
  • Големина на фајлот 342.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 4, 2021
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-447/20

„(...) согласно со чл. 12, ст. 2 од ЗРО, со Договор за вработување не може да се определат помали права утврдени со Закон, па како во Законот за работните односи се регулирани сите правни прашања кои произлегуваат од работниот однос и ги уредува и работите односи на работниците вработени во органите на државната власт, значи дека тужителот има право на надомест за работа во смени, за работа во празник, за прекувремена работа (...).

Оттука, произлегува дека правилно првостепениот суд одлучил кога го усвоил прецизираното тужбено барање на тужителот, по основ на помалку исплатен додаток на плата за работа во смени – турнус во висина од 5%, (...) на име помалку исплатен додаток на плата за работа во празник (...), на име неисплатен додаток за прекувремена работа (...) во согласност со чл. 106, ст. 3 (...) од ЗРО, од одредбите на Општиот колективен договор за јавен сектор на РМ и од Законот за извршување на санкции.

(...) правото на вонреден работен додаток на плата за работа е законско право и не може да биде врзано со Буџетот, при неспорен факт дека тужителот работел прекувремено, остварил прекувремена работа над 150 часа во текот на годината, работел во смени и за време на празник во периодот опфатен со тужбата, кое нешто е утврдено и со извршеното вештачење, што значи дека тужениот има обврска да му исплати на тужителот вонреден работен додаток на плата (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-546/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право