- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 349.81 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 26, 2014
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-108/14
(...) „Имено, согласно со одредбата од член 29 од Законот за работни односи, одредбата во договорот за вработувањето која што е во спротивност со општите одредби за правата, обврските и одговорностите на договорните страни, определени со закон, колективен договор, односно акт на работодавачот е ништовна од моментот на склучувањето на договорот. Согласно со член 11 од Договорот за вработување работникот без оправдана причина неможе да го прекине работниот однос. Тоа може да го стори во согласнот со Законот за работни односи, но притоа треба да го почитува отказниот рок кој изнесува минимум 60 дена, во спротивно работодавачот нема обврска да го одјави работникот порано од изминати 60 дена.
Работникот има обврска по стекнување на лиценца за работа како магистар по фармација да работи во фирмата минимум 3 години. Доколку работникот и покрај горенаведеното го прекине работниот однос пред истекот на овие три години, се обврзува да ги надомести сите трошоци во бруто износ на исплатени плати за време на последните 6 месеци. Согласно со горе наведената содржина на одредбата, по наоѓање на второстепениот суд, првостепениот суд утврдил дека одредбата од чл.11 од договорот за вработување е во спротивност со општите одредби од правата, обврските и одговорностите на договорените страни, определени со закон, колективен договор, и дека истата е ништовна од моментот на склучување на договорот бидејќи согласно со чл.105 од ЗРО Работникот има право на заработка - плата согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. Во услови кога работничката склучила договор за вработување со определни обврски и задачи, и за извршената работа би добивала плата во договорена висина, па во услови кога работничката одела на работа и ги извршувала работни задачи работодавачот има законска обврска да и исплати плата и истата не може да биде основ за надомeст на материјална штета бидејќи таа не преставува трошок за работодавачот. Од друга страна, рабтодавачот во договорот за вработување нема наведено за која законска одредба го врзал отказниот рок од 60 дена. кој треба да го почитува работничката во случај без опрадвдана причина да го прекине работниот однос.Па оттука, првостепниот суд утврдил дека договорот за вработување склучен помеѓу работодавачот и работничката во член 11 е ништовен и не произведува правно дејство во смисла на одредбата од член 29 од Законот за работни односи. Во однос на жалбениот навод дека одредбата од член 11 од Договорот за вработување е во корелација и во согасност со член 37 став 1 од Законот за работни односи, овој суд го најде за неоснован од причина што во конкретниот случај не може да стане збор за конкуренстка клаузула и да се примени конкретната одредба, бидејќи оваа одредба се однесува на забрана на работникот во наредните две години по престанокот на работниот однос да се вработи во конкурентска фирма, а во одредбата од член11 од договорот е наведено само дека работникот без оправдана причина неможе да го прекине работниот однос.”