- Version
- Преземи 19
- Големина на фајлот 558.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 10, 2017
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-549/17
(...) „Првостепениот суд утврдил дека работодавачот и работникот засновале работен однос неопределено време за работно место комерцијалист. Имено, во член 20 од договорот за вработување е определена забрана за конкуренција на работникот. Покрај тоа со договорот за вработување, на работникот му е забрането и вршење на активности кои не се предвидени со договорот, дури и кога таквата активност не претставува конкуренција без писмено одобрение од страна на работодавачот. Забраната за конкуренција согласно договорот е во важност 1 година по престанокот на работниот однос. Надоместокот на штетата согласно договорот е определена да биде во висина од последната примена бруто месечна плата на работникот зголемена за 12 пати. Работниот однос на работникот престанал со решение за престанок на работен однос поради откажување на договорот за вработување од страна на работникот. На ден 03.02.2016 година работникот засновал работен однос со друг работодавач на неопределено време со полно работно време на работно место магационер. Бидејќи работодавачот сметал дека работникот извршил директна повреда на конкурентската клаузула предвидена во член 20 од договорот за вработување и истиот по завршувањето на работниот однос кај работодавачот засновал работен однос со друг работодавач од истата дејност, на ден 10.03.2016 година му доставил опомена пред тужба со која побарува надомест на штета согласно договорот за вработување. Неоснован е наводот дека конкурентската клаузула е прекршена во моментот на засновање на работниот однос кај директниот конкурент на работодавачот, а согласно со член 36 од Законот за работни односи. Оваа законска одредба се применува само во ситуација кога работникот за времетраењето на работниот однос превзема дејствија без согласност на работодавачот кои значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот, а во случајов работникот не е повеќе во работен однос со работодавачот бидејќи му престанал со откажување на договорот за вработување од страна на работникот. Кај работодавачот, работникот работел на работно место комерцијалист со работни задачи да врши продажба и презентација на производите на работодавачот, а кај другиот рабтодавач, работникот е вработен на работното место магационер со работни задачи да врши примање, селектирање и испорака на стока по налог на претпоставените. Имајќи ја во предвид наведената одредба од член 37 став 1 од Законот за работни односи, а со оглед на природата на работните задачи што тужениот ги врши на работното место магационер првостепениот суд заклучил дека со новото вработување работникот не ја прекршил конкурентската клаузула што била договорена со договорот за вработување.”