- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 306.87 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 12, 2011
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-665/11
(...) „Работодавачот и го откажал договорот за вработување на работничката согласно член 82 став 1 точка 5 и 6 од Законот за работни односи, а како причина наведува дека брачниот другар на работничката кон крајот на 2008 година, иако бил вработен кај работодавачот основал друго друштво со седиште во Куманово кое имало идентичен предмет на работење како и самиот работодавач. Во ново основаното друштво брачниот другар на работничката бил содружник - основач со 50% учество во вкупниот основачки влог. Работничката како вработена кај работодавачот имала непосреден пристап до деловни и службени тајни на работодавачот и на трети лица им ги пренела деловните и службени тајни, со што на работодавачот му нанела ненадоместлива штета. Ниту со договорот за вработување што го имала работничката со работодавачот, ниту пак со некој друг акт на работодавачот не биле предвидени одредби за утврдена обврска за чување на деловна тајна, односно не било утврдено кои документи и податоци во врска со работењето на друштвото ќе се сметаат како деловна тајна. Исто така, првотепениот суд утврдил дека работодавачот не изнел факти и не доставил докази за тоа кои се деловните и службените тајни до кои работничката имала пристап, а ги пренела на трети лица, како и за тоа каква штета предизвикала за работодавачот и кој е износот на истита.”