- Version
- Преземи 38
- Големина на фајлот 323.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 1, 2018
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-694/18
(...) „Во Анексот на договорот за вработување склучен помеѓу работникот и работодавачот е предвидено дека работникот се обврзува на законска забрана на конкурентско дејствување за времетраењето на работниот однос и не смее без согласност на работодачот за своја или туѓа сметка да врши или склучува работи кои спаѓаат во дејноста на работодавачот и значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот, во чл.6 било предвидено дека работодавачот ќе бара обештетување на штетата настаната со постапувањето на работникот спротивно тоа што е предвидено со овој договор во рок од 3 месеци од денот кога дознал за вршењето на работата. Во членот 7 од Анекс договорот, работодавачот се обврзува да му овозможи на работникот во текот на работата да се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, додека пак во членот 8 е предвидено, работникот да се обврзе по престанувањето на работниот однос за период од две години на забрана за вршење на конкурентско дејствување заради овозможените права од член 7 и член 9 непочитувањето на членот8 од овој договор повлекува обештетување на работодавачот во износ од примените плати кај истиот за последните две години. Меѓутоа, првостепениот суд оценил дека дека тужбеното барање по основ на надомест на договорна конкурентска клаузула е неосновано, наоѓајќи дека наведените одредби од Анекс договорот за работа не се во согласност со материјалниот закон што ја регулира оваа материја, туку истите можат да спаѓаат и во групата на нечесни одредби во договорите кои како ништовни не произведуваат правно дејство. Со други зборови, се спротивни на одредбите од Законот за работни односи и како такви, согласно член 29 од Законот за работни односи кој предвидува, одредба во договорот за вработување којашто е во спротивност со општите одредби за правата, обврските и одговорностите на договорните страни, определени со закон, КД, односно акт на работодавачот е ништовна од моментот на склучување на договорот. Од друга страна во членовите опфатени во анекс договорот нема предвидено за време на почитувањето на забраната да му се исплатува паричен надоместок на работникот, односно истите се нецелосни и нестручно наведени од правен аспект во смисла на Законот за работни односи. Во конкретниот случај, работодавачот со ниту еден доказ не докажал дека вложил стручност и знаење во профилот на работникот. Оттука произлегува дека рабтодавачот не извршил стручно оспособување, квалификување или преквалификување на работникот за време на неговото извршување на работите и работните задачи предвидени за работното место на кое бил вработен. Во конкретниот случај, треба да се има предвид и фактот дека обуката според планот и програмата за безбедност и здравје при работа, како и обука за работа со машини во машинско производство на делови определена со Закон, е задолжителна обука која треба да ја спроведат сите работници определени со закон. Ваквиот вид на обука го направил и работодавачот, а всушност претставува општа обука за сите работници, а не претставува стручно оспособување, квалификување или преквалификување за извршување на работите и работните задачи за работното место. Па, оттука произлегува дека тужбеното барање на работодавачот за надомест на штета за повреда на конкуретска клаузула е неосновано.”