- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 521.14 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 24, 2013
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-988/13
(...) „Работодавачот донел одлука за откажување на договорот за вработување на работничката врз основа на член 82 и член 91 од Законот за работни односи затоа што работничката за време на своето работно време од својата службена е-маил адреса испратила голем број електронски пораки, на две бесплатни, некорпоративни, веб базирани е-маил адреси, при што одреден број од овие пораки содржале акти и документи кои ја содржале ознаката доверливо или со акти на работодавачот биле означени како такви кои во себе содржале податоци за клиенти и коминтенти на банката, станале јавно достапни, со што била загрозена сигурноста на банката и ја изложила банката на ризик. Работничката била запознаена со Политиката за прифаќање за употреба на информативните системи, се обврзала да ги почитува принципите и правилата за правилна употреба на информативните системи и ја прифатила одговороноста за нивно неправилно користење.
Според член 81 став 1 точка6 од Законот за работни односи, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред. Согласно со законски одредби кои го регулираат правното прашање за обврска на работниците за чување на податоците, кои се деловна тајна и одговорноста за кршење на тие обврски прозилегува дека еден од условите за откажување на договорот за вработување без отказен рок е и ако работникот оддаде деловна, службена или државна тајна, а за да работничката ја стори оваа повреда потребно е податоците да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице. Во конкретниот случај се работи за откажување на Договор за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски товарот на докажување е на страна на работодавачот. Видно од списите во предметот, работодавачот со ништо не докажал односно не утврдил дека работничката ги искористил за своја употреба податоците содржани во електронските пораки или пак дека ги предала на трети лица. Согласно со наведеното, утврдено е дека во конкретниот спор не станува збор за повреда на обврската за чување на деловна тајна бидејќи работничката не ги искористила за своја употреба податоците содржани во елетронските пораки кои ги испратила на двете емаил адреси чиј корисник е таа, ниту пак ги предала на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на работодавачот.”