- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 358.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 6, 2014
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1150/13
(...) „Согласно со член 23 од Законот за заштита на правата на пациентите, пациентот има право на доверливост, тајност на личните и медицинските податоци кои мораат да се чуваат во тајност и по неговата смрт. Во согласнот со прописите за заштита на личните податоци, по исклучок, податоци може да бидат откриени само ако за тоа даде согласност пациентот ако се неопходно за медицинска интервенција над пациентот во друга установа, ако се неопходни за обработка во друга со Закон пропишана постапка или ако е тоа неопходно за заштита на животите, безбедноста и здравјето на другите лица. Откривањето на овие податоци се врши на начин и во степен со кој се остварува целта на откривање на информацијата и се заштитува во најголема можна мера тајните на податоците. Податоците добиено во оваа смисла се чуваат во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци. Согласно со члeн 2 т.4 т.32 и т.36 од Правилата за редот и дисциплината кај работодавачот, работникот е должен да ги почитува правилата за редот и работната дисциплина за работа, а особено неовластено да не пренесува деловни и други податоци и истите да не ги соопштува на други лица кои не се овластени да им бидат соопштени, да ја чува деловната, службената професионална и друга тајна и без одобрение од надлежниот раководител да не дава податоци од историјата на болест на корисникот на здравствената заштита на неовластени и други лица. Работничката била вработена кај работодавачот на работно место раководител на Одделнието за амбулантно -поликлиничка дејност со звање лекар специјалист интернист. Во критичниот период, врз основа на изведените докази во текот на постапката, работничакта иако и било познато дека податоците за болните и лекувањето на истите преставува деловна тајна со оглед на третманот на истите и последиците кои можат да се предизвикаат по нивните односи, психа и ментално здравје, се јавила по телефон во телевизијата на А1 Скопје на новинарка се со цел за да изврши објавување на одредени информации од областа на здравството и кога ја упатила да се обрати до новинарката Менче Атанасова Точи која работела во редакцијата за здравство. На ова, работничката и одговорила дека „синот на Менче Атанасова Точи се лекува на нашата клиника претпоставувам дека на неа би и било непријатно да работи на ваква тема“ односно истата дала податок за лекување на пациент во Клиниката. Од горе наведеното произлегува дека работничакта со горе наведените дејствија ја сторила повреда на работниот ред и дисциплина која и се става на терет односно дека истата податокот до кој дошла за лекување на одреден пациент во клиниката за токсикологија го одала на неовластено лице. Во услови кога работодавачот во свој акт имал предвидено дека без одобрение од надлежниот раководител работникот да не дава податоци од историјата на болест на корисникот на здравствената заштита на неовластени и други лица, истата постапила спротивно на чл.2 т.4 од Правилата за редот и дисциплина кај тужениот и спротивно на чл.23 од Законот за заштита на правата на пациентите. Следственено на ова, првостепениот суд утврдил дека работодавачот имал основ да го откаже договорот за вработување согласно со член 82 став 1 точка 6 од Законот за работни односи.”