- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 553.35 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 30, 2015
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1463/14
(...) „Во изјавената жалба работникот наведува дека Владата на РСМ ја донела одлуката за престанок на Националната установа Филмски Центар Вардар Филм-Скопје врз основа на член 35 и 36 од Законот за установите и постапката за ликвидација е покрената по предлог на Владата како нејзин основач, што значи дека долгот на згасната установа согласно член 72 став 2 од Законот за установите преминал на нејзиниот основач, како и дека применувајќи го член 23 од Законот за култура судот го прекршил правилото за временска важност на законите бидејќи член 23 од Законот за култура е укинат во 2012 година. Додека пак, долговите на згаснатата установа се утврдени со правосилни пресуди од 2007 и 2010 година што значи пред да стапи во сила измената на Законот за култура. Второстепениот суд смета дека ваквите жалбени наводи на работникот се неосновани. Имено, согласно член 1 став 2 од Законот за установите, одредбите од овој закон имаат супсидиерна примена и се применуваат доколку со друг закон поинаку не е определено. Видно од дејноста на Националната установа која е одобласта на културата, лекс спеицијалис е Законот за култура. Обврската на Владата за да превзема односно да извршува исплата на плати, хранарина и превоз како и уплата на придонеси за ПИО утврдена со чл.23 од Законот за култура, престанала со изменување на наведениот закон односно со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за култура. Според ова, имајќи ги во предвид одредбите од член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за култура, престанува обврската на Владата на РСМ за преземање на правата и обврските на Националната установа Вардар Филм. Поради што, првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај не може да стане збор за стекнување и правилно постапил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на работникот. Со оглед на тоа што работникот го пријавил своето парично побарување во ликвидационата постака и истото му било утврдено, работникот своето право ќе го остварува во рамките на ликвидационата постапка покрената врз Национална установа Вардар Филм Скопје.”