- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 691.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 30, 2019
- Последна промена јануари 19, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-24/10
(...) „Во конкретниот случај, штрајкувачкиот одбор и работниците кои учествувале во штрајкот не гоорганизирале истиот на начин кој нема да ја загрозува безбедноста на имотот и здравјето на лицата, како и да се овозможи продолжување на работата по завршување на штрајкот. Дошло до насилно влегување од страна на вработени лица, невработени лица од Велес и околината и поранешни вработени лица кај работодавачот, по што биле предизвикани немири кои кулминирале со инциденти и употреба на оружје, но и до интервенција на СВР Велес. Како штрајкот кај работодавачот не бил легитимен, бидејќи одлуката за стапување на штрајк не била донесена од мнозинството на вработени, ниту штрајкот од штрајкувачкиот одбор бил најавен 5 дена пред денот на почеток на штрајкот, а бидејќи работникот учествувал во истиот, донесена е одлука за престанок на работен однос со отказ без отказен рок според која на работникот му престанува работниот однос поради кршење на работниот ред и дисциплина поради учество во нелегитимен штрајк кои се одвивал во „Киро Ќучук" АД намерно и со крајно невнимание предизвикал штета на работодавецот, како и намерно превземал дејствија кои претставуваат кривично дело.”