Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-566/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 466.92 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 13, 2012
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-566/12

(...) „Во жалбата работниците укажуваат дека во случајот спорна е примената на материјалното право и тоа во поглед на толкувањето на член 269 од Законот за работни односи и на член 69 од КД за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа. Имено во жалбата се укажува дека толкувањата на судот дека со член 269 од ЗРО по истекот на 6 месеци престанале да важат одредбите на член 69 од КД за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа значи дека ваквиот закон, со ваква одредба ги има загрозено и нарушено гаранциите обезбедени со Меѓународната конвенција за слобода на здружувањето и заштита за организирање во остварувањата на правата на работниците во конкретниот случај кај работодавачот. Ваквите жалбени наводи второстепениот суд ги ценеше и истите ги одби како неосновани. Ова од причина што правилно првостепениот суд постапил кога одлучил како во изреката на обжалената пресуда и тужбеното барање на работниците го одбил како неосновано. Имено, по наоѓање на второстепениот суд на вработените во Министерството за одбрана на кои во периодот од од 01.05.2008 година до 31.12.2008 година им е исплатен надомест на исхрана по 2.300,00 денари месечно согласно Законот за извршување на буџетот за 2008 годин, па не им следува надомест на разлика на исхрана иако со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија е укинат Законот за извршување на буџетот за 2008 година, затоа што Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија е донесен во 1995 година и истиот во смисла на одредбата од член 269 од Законот за работните односи не е усогласен со оваа одредба во предвидениот утврдениот рок од 6 месеци со Законот за работни односи и поради тоа престанал да важи. Со оглед на ова, становиштето на првостепениот суд е дека согласно одредбата од член 269 од Законот за работни односи не постои законска обврска за усогласување со овој закон само на постојните Колективни договори на ниво на работодавач, а не и на Колективните договори на ниво на гранка, затоа што со одредбата од член 269 се опфатени и Општите колективни договори и Колективните договори на ниво на гранка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-92/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право