- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 549.60 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 7, 2013
- Последна промена јануари 21, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-2266/12
(...) „Согласно член 9-а од Законот за работни односи, забранет е секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг).
Психичкото вознемирување на работнотот место ( мобинг) преставува дискриминација во смисла на член 6 од овој закон. Психичко вознемирување на работното место (мобинг), е секое негативно однесување од поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место. Извршител на психичкото вознемирување на работното место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување, без оглед на нивното својство “работодавачот како физичко лице, одговорно лице или работник“. Согласно со горе цитираната законска одредба по наоѓање на второстепениот суд, за конкретниот случај утврдено е дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е пред се да се работи за група или поединец и по закон извршителот на мобингот со негово дејствије треба да стори повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработеното лице, да предизвикува страв или да создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување. Оттука произлегува дека дејствијата на кои се повикува работничката се неосновани и не преставуваат психичко вознемирување и дискриминација на работното место од страна на работодавачот. Тоа што против работничката била поведена дисциплинска постапка не може да се смета за психичко вознемирување на работното место бидејќи тоа е законски начин за утврдување на одговорност на државен службеник. Истата постапка ја спроведува дисциплиска комисија, а конечните одлуки ги донесува Министерот, тоа што со оспорените решенија била распоредена на други работни места која постапка се спроведува во рамките на второстепената комисија на Агенцијата за државни службеници и на Министерството за здравство како носители на овие решенија нема елементи на мобинг и дискриминација од страна на работодавачот. Исто така, крајната цел на психичкото вознемирување (мобинг) е да доведе до состојба на престанок на работниот однос или лицето врз кое се врши психичкото вознемирување да го напушти работното место што во конкретниот случај видно од списите во предметот нема решение за престанок на работниот однос, туку работничката се уште е во работен однос кај истиот работодавач.”