Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-103/17

  • Version
  • Преземи 22
  • Големина на фајлот 420.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 8, 2017
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-103/17

(...) „Со решение на работникот му била изречена парична казна поради кршење на работната дисциплина затоа што истиот за време на боледување присуствувал на политичка трибина на кој начин работодавачот сметал дека работникот извршил злоупотреба на боледување чија повреда е предвидена со Закон. Работодавачот пред да го донесе ова решение, била поведена судска постапка која има правна завршница, водел дисциплинска постапка затоа што како работодавец ценел дека работникот извршил злоупотреба на боледување. Водењето на дисциплинска постапка е право на работодавачот утврдено со Закон во услови кога ќе оцени дека некој од своите вработени сторил повреда на работнитот ред и дисциплина, како што и постапил во однос на работникот на кој му биле запазени сите права на вложување на приговори и водење на судска постапка за заштита на права од акти на работодавецот, и истото не може да преставува дискриминација. Имено, решението за изрекување на парична казна и за распоредување преставуваат акти донесени од страна на работодавачот кои се во согласност со Законот за работните односи. Па доколку работникот бил незадоволен со овие акти односно доколку сметал дека работодавачот со донесувањето на овие акти не му ги обезбедува правата од работен однос или крши кое било од неговите права од работниот однос во тој случај, Законот за работни односи му овозможува да остварува заштита на правата кај работодавачот и судска заштита кое нешто е регулирано во одредбата од член 181 од ЗРО. Ова дотолку повеќе што, со пресуда тужбеното барање на работникот да се поништи решението за изречена дисциплинска мерка, докажано е дека тужителот не сторил повреда на работните обврски односно не го злоупотребил боледувањето. Оттука, се јавуваат како неосновани наводите на работникот дека истиот во текот на целото време додека работел кај работодавачот е дискриминиран и вознемируван поради неговата политичка припадност и дека решението за парична казна како и решенијата за распоредување биле насочени кон негово деградирање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-468/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право