Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-309/16

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 445.88 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 1, 2017
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-309/16

(...) „Тужителката се наведува дека првостепениот суд на нејасен и конфузен начин утврдил дека во случајот не постои дискриминација, бидејќи истата остварила право на инвалидска пензија и дека не можела да избира каква ќе биде причината на инвалидност, бидејќи во сите случаи за тоа одлучува само надлежната лекарска комисија. Нема елементи на дискриминација поради фактот што донесените решенија не се однесуваат на лично својство на нееднакво постапување согласно Законот за дискриминација. Првостепениот суд се обидува да го избегне фактот дека тужителката не бара да и се признае правото на пензија поради инвалидност, туку да и се утврди правиот основ за остварување на овој вид на пензија, со што истата би се стекнала со друг статус и со повисока пензија за разлика од сегашната.  Второстепениот суд ги ценеше жалбените наводи на тужителката, но за истите најде дека се неосновани. Ова од причина што, првостепениот суд утврдил дека во конкретната правна работа не станува збор за некое повредено право на тужителката, бидејќи се работи за остварување право од пензиското и инвалидското осигурување поточно инвалидска пензија. Основот во случајов се сведува на тоа зашто од надлежните комисии и тоа Комисијата за задолжителен контролен преглед на корисник на времена инвалидска пензија и Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување инвалидност, односно неспособност за работа, не била утврдена од нивна страна инвалидност по повреда на работа, туку одредена по болест.  Видно од медицинската документација, оцената се врши врз основа на непосреден преглед од страна на надлежните комисии за оцена на работната способност, така што при тоа не се оценува само дали постои некоја болест, туку и нејзиното влијание во работната способност, се земаат предвид сите поранешни мислења на комисијата за оценка на работната способност, дијагноза на болестите кои настанале по последниот комисиски преглед, дали се настанати такви промени во здравствената состојба на тужителката кои се од влијание на порано утврдената инвалидност. Во конкретниот случај, не постои дискриминација извршена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување врз тужителката, бидејќи по донесените решенија од надлежните лекарски комисии врз основа на нивните наоди, секогаш се воделе постапки по барање на тужителката и по нејзина жалба доколку била незадоволна од првостепеното решение, што подразбира дека и било овозможено да бара заштита на свое право.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.121/2015-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право