Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-489/14

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 351.45 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 22, 2014
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-489/14

(...) „Имено, во конкретниот случај, работодавачот заради вршење на својата дејност за која е регистриран, имал потреба од поголем број на работници, за што има отворено оглас. Видно од содржината на огласот се утврдува дека се бараат работници во производство, предвидени се општи услови, минимум средно образование со предност за лица кој имаат искуство од областа на индустријата, со подготвеност за работа во смени и во истиот не е наведено обврска ниту законска одредба која го обврзува работодавачот да ги извести апликантите во определен рок за судбината на нивната пријава ниту е наведено време за кој истиот се објавува. Кандидат поднел повеќе апликации како по елетронски пат, исто така доставил и пријава за интерес за вработување. Бидејќи кандидатот поднел повеќе апликации, истиот се интересирал во Центарот за вработување Неготино, зошто не е повикан и барал да се интервенира кај преставниците на работодавачот  бидејќи е активен барател на работа. Од раководителот на Центарот му било сугерирано да се стрпи бидејќи огласот е отворен и дека немаат можност некого да препорачуваат ниту да привелегираат. Видно од списите во предметот, произлегува дека тужениот уредно ги има примено апликациите на кандидатот и истиот бил известен дека неговот барање ќе биде разгледано и ќе биде контактиран доколку е избран Од доставените пријави на задолжително социјално осигурување за определен период бидејќи работодавачот вработувал голем број на работници се утврдува дека се вработуваат мажи и жени и млади и возрасни и со средно и со виши или високо образование што значи дека повисоко образование не е пречка, како и возраста, односно не е определена возраст над која нема да се примаат работници. По наоѓање на второстепениот суд, утврдено е дека работодавачот не постапил спротивно на член 6 и 7 од ЗРО, ниту пак спрема кандидатот во постапка на поднесување на апликација за вработување е ставен во понеповолна дискриминирана положба. По наоѓање на второстепениот суд, со оглед на тоа што кандидатот не го докажал постоењето на дискриминација, ниту докажал постоење на вина на страна на работодавачот, негово штетно дејствие причинско последична врска. Дополнително на ова не докажал дека кандидатот е оштетен, за да има право на надомест на нематријална штета. Истиот нема право на материјалан штета по основ на изгубена заработувачка бидејќи доколку кандидатот бил повикан и го поминал процесот на регрутирање на лица не значи дека не би бил одбиен односно дека не би бил избран. Во овој случај само со повикување на тестирање и интервју не се остварува заработувачка која потенцијално ја загубил.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-407/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право