Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-544/15

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 514.54 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 20, 2015
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-544/15

(...) „Од изведените докази првостепениот суд утврдил дека работникот бил вработен кај работодавачот на неопределено време со над 25 години работен стаж. Кај работодавачот е донесен нов акт за систематизација на работните места со кој е извршена трансформација на единиците, така што, работникот бил прераспореден од должност постар водник прва класа на должност подофицер за цивилно воени односи. Работникот го одбил понуденото поставување, со што ги исполнил условите за стекнување пензија согласно чл.220 ст.1 и 2 од Законот за служба во АРМ. Со пресуда на Основниот суд Скопје II Скопје, потврдена со пресуда на Апелациониот суд Скопје, тужбеното барање на работникот за утврдување стекнување право на пензија му беше одбиено како неосновано. Министерот за одбрана, по барањето на работникот за престанок на работниот однос во Министерството за одбрана поради исполнување услови за пензија, го одби како неосновано. Поради што разботникот ја поднесе предметната тужба. Првостепениот суд постапувајќи по тужбата на работникот врз основа на утврдената фактичка состојба, му го одбил тужбеното барање на тужителот со образложение дека работодавачот не му го повредил правото на работникот на еднаков третман, односно не сторил директна дискриминација кон тужителот. Во конкретниот случај, видно од побиваното решение, со тоа што работникот по промената на систематизацијата кај работодавачот бил распореден на друга должност, укажува на потребата на службата од работното место на кое што бил распореден работникот, а не да му престане работниот однос кај работодавачот како што било предвидено во чл.220 ст.1 од Законот за служба во АРМ. Од друга страна, работодавачот не сторил директна дискриминација кон работникот со тоа што му го одбил барањето за престанок на работниот однос поради исполнување услови за пензија. Ова од причини што, согласно чл.14 т.8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, стои дека нема да се смета за дискриминација определувањето барање за минимална старост професионално искуство или стаж во процесите на избор или во давањето на определени привилегии поврзани со работењето кога ова е објективно оправдано за постигнување на објективна цел, а содржината на ова разликување не го надминува неопходното ниво потребно за остварување на целта. Во конкретниот случај, со самиот факт што кај работодавачот се укажала потреба работникот да биде распореден на работно место согласно извршената трансформација, му било одбиено барањето на работникот да му престане работниот однос поради исполнување услови за пензија.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-412/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право