- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 503.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 16, 2016
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-893/15
(...) „За да може да стане збор за дискриминација како што наведува работникот потребно да постојат три конститутивни елементи и тоа: заштитна карактеристика, неповолен третман или дејствија кое доведува до повреда на уживање на некое човеково право и споредбена ситуацуја или така наречен компаратор. Во конкретниот случај не се исполенити елементите за дискриминација. Имено, прво со Реверс за задолжување со лични средства за заштита при работа, сите вработени биле задолжени со заштитна опрема и тоа: заштитни кондури, работнички комбилизони, антифони, ракавици, заштитни наочари и заштитна маска, со што призлегува дека од страна на работодавачот се обезбедени и превземени сите мерки за заштита на животот и здравјето на работниците при работа. Од Лабараторскиот извештај, пак се утврдува дека измерените вредности на хемиските штетности во работната средина се во граница на дозволеното, согласно правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработените од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци. Исто така, по наоѓање на овој суд нема елементи на дискриминаторски однос од страна на работодавачот према работникот.Во делот каде наведува дека према него и неговите колеги Албанци од страна на рабтодавачот бил ставен во нееднаква положба и различни хигиенски услови према колегите Македонци, кои работеле во подобри услови бидејќи самото дрво создава отпад при негова обработка, а од друга страна погонот за пластика и погонот за дрво се во една иста хала, што значи дека сите вработени Македонци и Албанци и од другите националности, работеле под исти услови и никој не е ставен во различна или нееднаква положба врз основа на етничка припадност. За дејството на работодавачот дека наводно истиот донел одлуки за откажување на договорот за вработување по поднесената тужба за спречување на дискриминација, не може да преставува дискриминација во смисла на одредбата од член 10 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, од причина што овие одлуки не се донесени поради поднесена тужба за спречување на дискриминација,туку истите се донесени поради неизвршување или несовесно извршување и ненавремено на работните обврските согласно член 81 од Законот за работни односи. Во однос на дејството на работодавачот дека на група вработени меѓу кои и работникот им давале наредби за да помагаат во погонот за пластика, првостепениот суд утврдил дека истото не може да преставува психичко вознемирување или пак понижувачко однесување, бидејќи тоа преставува организирање на производниот процес кај работодавачот. Од се погоренаведното, произлегува дека во конкретниот случај не може да стане збор ниту за дискриминација ниту за виктимизација бидејќи нема неповолно однесување кон едно лице, ниту има трпење на штетни последици заради тоа што се презеле одредени активности за заштита од дискриминација. Ова дотолку повеќе што не е јасно кое право е нарушено на работникот и врз основа на која заштитна карактеристика, а неможе да стане збор и за нееднаков третман во работните простории, бидејќи Македонците и Албанците истовремено се вклучени во процесот на производството, работеле во иста просторија, хала, не поделени на ниеден начин, па макар и со обична преграда,”