Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1019/18

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 594.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 26, 2018
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1019/18

(...) „Во конкретниот случај се исполнети сите битни елементи предвидени во правната регулатива на Законот за дискриминација, а тоа е како прво нееднаквото постапување на тужените како вршители на дискриминација кое нееднакво постапување неспорно произлегува од дејствијата преземени од второтужената бидејки само за тужителката ги има повлечено документите за трансформација на работниот однос од Општинска комисија без никаков налог, ниту барање од било која интситуција, да го стори тоа, а за останатите вработени за кои во исто време се поднесени документи за трансформација на работниот однос, второтужената ги нема повлечено и за истите постапката за трансформација на работниот однос продолжила и нивнот работен однос се трансформирал на неопределено време. Исто така и вториот елемент, а тоа е заштитната карактеристика. Во конкретниот случај на тужителката како основно право на работа и било загрозено со дејствието на второтужената на начин што не и е пружена еднаква можност и еднаква заштита на правото на работа како и останатите вработени за кои е поднесено истото барање за трансформација за работен однос. Дотолку повеќе што на новиот објавен оглас, за нов договор на определено време, се јавила и тужителката, која не била избрана, туку бил вработен друг кандидат, на кој во меѓувреме, согласно член 46 став 2 од Законот за работни односи, му бил трансформиран работниот однос од определено, во неопределено време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-901/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право