Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1201/18

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 520.36 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 26, 2018
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1201/18

(...) „Имено, во конкретниот случај, неспорно е дека работникот бил вработен кај работодавачот на работнот место чии квалификации бараат степен на средно образавание. Во 2011 година решение за распоредување, истиот бил распореден на работно место самостоен референт за вршење на внатрешно и надворешно обезбедување - Виш надзорник со звање самостоен референт. Со Анекс на договор за вработување 2012 година работникот бил распореден на работно место постар надзорник со генералии дека има високо образование, уредно потпишан од двете договорни страни, за кое работно место е предвидено во  Правилникот за систематизација кај работодавачот било предвидено средно образование. Работникот дипломирал на Филозофскиот факултет и се стекнал со стручен назив - дипломиран дефендолог и магистирал на ден 30.12.2013 година со што се стекнал со звање - М-р по безбедност и финансиска контрола, како и тоа дека активно учествувал во синдикалната организација - Грански независиен синдикат на полицијата каде бил именуван за Генерален секретар. Со решение за распоредување, утврдување плата и определување на стаж со зголемено траење на припадник на затворска полиција од 04.03.2016 година, работникот се распоредувал во затворска полиција при КПУ Затвор С. на работно место Виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување, со звање Виш надзорник, во група 2-службени лица со посебни овластувања, за кое работно место е определно средно образование. Согласно со наведената правна состојба, произлегува дека работникот напредувал во рамките на степенот на образование со кое бил вработен па видно од Решението за распоредување, утврдување плата и определување на стаж со зголемено траење на припадник на затворска полиција од 04.03.2016 каде што соодветно на тоа му била определена висината на платата. Имено, за да се утврди дискриминаторско разликување во третманот, мора да се утврди дека други лица кои се во аналогна или релативно слична ситуација, уживаат поповолен третман, како и дека таа разлика е дискриминаторска. Согласно со Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи-членот 14, а изразено низ судската пракса на Европскиот суд за човекови права, дискриминацијата подразбира различен третман на лица во релативно слична положба или ситуација, без објективно и разумно оправдување. Постоењето на таквото оправдување мора да се цени во контекст на принципите кои нормално преовладуваат во демократските општества. Оттука, таквата разлика во третманот ќе биде оправдана доколку е сторена со легитимна цел, како и доколку има разумна пропорционалност помеѓу употребените средства и целта која се сака да се постигне. Следствено, дозволен е различниот третман кој се заснова на објективна оцена на различни фактички околности и кој заснован на јавниот интерес, прави рамнотежа помеѓу интересите на заедницата и почитувањето на правата и слободите. Имено, околноста што работникот во меѓувреме завршил високо образование и околноста дека не бил распореден на работно место со високо образование не значи дека истиот е дискриминиран. Бидејќи работник може да биде унапреден во едно звање повисоко, но во рамките на стручната спрема во конкретниот случај средна стручна спрема, а распоредувањето од работно место со средна стручна спрема во висока стручна спрема е можно во постапка за вработување, предвидено во одредбите во Законот за работни односи како генерален закон, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за извршување на санкции, при штое потребно да бидат исполнети повеќе услови и тоа да постои слободно работно место предвидено со Правилникот за систематизација да се добие писмено одобрување, согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства, да се спроведе соодветна законска постапка со распишување на оглас и слично, а видно од Правилникот за систематизација на работните места. Кај работодавачот од 23.02.2016 година, во истиот не е предвидено работно место со овој вид на образованите, за разлика од другите лица кои што работникот ги предложил како компаратори, се распоредени на работни места со високо образование, имаат вид на образование кои одговара на видот на образование предвидено во Правилникот за систематизација на работните места.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1019/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право