Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1456/18

  • Version
  • Преземи 19
  • Големина на фајлот 466.23 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 14, 2020
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1456/18

(...) „Интенцијата на законодавецот која произлегува од Законот за спречување и заштита од дискриминација е јасна, дека на несомнен начин треба да постои било кое од наведените однесувања, за да постои дискриминација во конкретен случај по било која од дискриминаторските основи. Тоа не е случај во конкретниот правен спор, имајќи предвид дека во постапувањето на работодавачот со работничката не е содржано ниту едно од наведените дејствија. Од изведените докази, судот заклучил дека од страна на работодавачот била запазена законската и подзаконски утврдената постапка за унапредување, односно за упатување на лица во дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во странство. Тоа што работничката не била избрана и упатена на мандат во странство не претставува дискриминација. Сите предложени лица како компаратори биле вработени, унапредени или упатени на мандат ДКП на РСМ во странство по законски спроведена постапка, со исполнување на законските услови, а  доколку работничката сметала дека истата е незаконита имала можност да вложи правни лекови кои и стојат на располагање. Судот утврдил дека работодавачот не го повредил правото на еднаквост на работничакта во однос на можноста  за унапредување, како и добивање на повисоко дипломатско звање и упатување на мандат, од причина што постапката за унапредување, како и упатување на мандат во странство биле водени во согласност со закон и подзаконските акти. Покрај, ова работничката не докажала која е нејзината политичката припадност и политичко уверување, кое е различно од политичката припадност или политичко уверување на компараторите, а поради кое работничката била дискриминирана односно била ставена во нееднаква положба.Работничката со ниту еден предложен доказ не докажала дека унапредувањето или упатувањето на мандат на предложените лица како компаратори, било поради нивната политичката припадност или политичко уверување, а не поради нивната стручност и исполнување на предвидените услови, ниту пак се докажа дека предложените компаратори биле членови на политичката партија или пак имале политичко уверување различно од политичко уверување на работничката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1520/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право